Subscribe | FAQs | Case studies | Glossary | Related links | Contact us | Search
Email link to this page Print this page Reduce font size Increase font size

Information on this topic also available for:

Изградба на куќа/стан за живеење - Home building

Овој дел е наменет за потрошувачите кои размислуваат за тоа да градат куќа/стан за живеење како сопственици, или да користат ѕидар при реновирање или изградба на нова куќа/стан.

Реформи во индустријата за станбена изградба

Службата Home Building Service при Office of Fair Trading е одговорна за издавање дозволи за работа и контрола на ѕидарите и мајсторите во градежништвото на станови/куќи за живеење и специјализираните изведувачи на градежни работи во сите стопански гранки. Службата исто така може да помогне во решавањето на спорови во врска со градежни работи, ако се јави потреба за тоа, со помош на посебно обучен персонал во 23 Fair Trading Centres низ државата. За помош во врска со било какви работи за кои е одговорна службата Home Building Service, телефонирајте бесплатно во Telephone Interpreting Service на 13 14 50, и во службата Home Building Service, на 1300 554 668, ќе се јави преведувач во ваше име.

Вратете се на почеток од страната

Пред да почнете да градите или реновирате

Градењето или реновирањето на куќа/стан за живеење може да биде искуство што ќе се исплати, како и време на голем притисок затоа што многу работи се на коцка. Во NSW, законот со кој се контролира дејноста на изградба на куќи/станови за живеење е познат како Закон за изградба на куќи/станови од 1989 година (Home Building Act 1989). Овој закон ги заштитува потрошувачите кои го градат или реновираат нивниот дом.

Ако сакате да го заградите вашиот имот, или да бетонирате некој дел, или да го израмните подот, ќе ви треба мајстор. Ако сакате да додадете уште една спална соба или да изградите нов дом, ќе ви треба ѕидар кој ќе ги организира потребните мајстори за извршување на работата. И двата мора да имаат дозвола за работа од Office of Fair Trading пред да можат да склучат договор за изведување на работа од видот назначен на нивната дозвола. Ѕидарите и мајсторите исто така се познати како лица кои работат под договор. За секоја работа која чини повеќе од $200 треба да користите лице кое има дозвола.

Вратете се на почеток од страната

Неопходно е да се има потсетник со инструкции за работата

Без разлика колку е мал вашиот проект за градење или реновирање, треба да составите потсетник со упатства за работата. Потсетникот може да има само неколку точки, или да биде неколку страни долг, а ќе ви помогне да си разјасните што сакате да ви се направи. Треба да има колку што се може повеќе детали и да вклучува список на марките и моделите на сите работи што треба да се монтираат/инсталираат, плочките, апаратите, итн, што ги барате. Исто така, во него треба да се вклучени сите работи кои вие ќе ги снабдите, како на пример, плочки, прозорци или боја.

Вратете се на почеток од страната

Земете барем 3 писмени понуди за цена

Дадете им го потсетникот со упатства за работата на барем 3 ѕидари или мајстори и побарајте да ви понудат цена за работата. Споредувањето на цените ќе ви помогне да одлучите која цена е разумна за работата што сакате да ви се направи.

Вратете се на почеток од страната

Користете само лице со дозвола за работа под договор

Дозвола за работа може да има само ѕидар или мајстор кој е соодветно обучен и кој го има потребното искуство за да ја изведе работата. Работете само со ѕидари или мајстори кои добиле дозвола за работа од Office of Fair Trading. Ако работите со ѕидар или мајстор кој нема дозвола за работа, тогаш самите барате неволи, затоа што тој можеби не е соодветно обучен да ја изведе работата.

Во градежништвото на куќи/станови за живеење повеќе не се користи старата 'златна дозвола' ('gold licence'). Ѕидарите и мајсторите кои работат во NSW треба да имаат 'Дозвола за работа под договор' ('Contractor Licence'), на која се прикажани категориите на работа за која имаат дозвола да ја изведуваат и датумот до кој важи дозволата. Дозволата за работа под договор мора да одговара за видот на работата што сакате да ви се изведе. На пример, лице кое има дозвола само за инсталирање/поправање водовод не може да се занимава со електричарски работи. Пред да склучите договор за работа, секогаш проверете во Office of Fair Trading за да видите дали дозволата е важечка и призната.

Вратете се на почеток од страната

Проверка на дозволи преку Интернет

Вие исто така можете самите да пребарувате низ јавниот регистар ако одите на нашата проверка на дозволи на Интернет. Ако вршите проверка на Интернет, тогаш ќе излезете од овие преведени Интернет страни и ќе бидете префрлени на делот на службата Home Building Service на Интернет страните на Office of Fair Trading, кои се на англиски јазик.

Вратете се на почеток од страната

Според законот, договорите се потребни

Според законот, при градењето на куќа/стан за живеење, реновирање, доградување, одржување или поставување на базен за пливање, каде што цената на договорот или цената на работата и материјалите што ги набавил мајсторот е повисока од $1,000, мора да користите писмен, законски важечки договор кој сте го склучиле со мајсторот кој има дозвола за работа.

Писмените договори помагаат да се спречи да дојде до недоразбирање меѓу сопствениците на куќа/стан за живеење и ѕидарите или мајсторите, до кое може да дојде ако не постои писмен доказ за работите за кои се договориле.

Во договорот за изградба на куќа/стан за живеење мора да се внесат одредени работи. Пред да се потпишете, телефонирајте во Одделот за праведна трговија за да проверите дали договорот ги задоволува потребните барања. Треба да се осигурате дека сте го разбрале договорот пред да го потпишете. Откако ќе го потпишете договорот, мора да добиете примерок во рок од пет работни дена.

Во градежниот договор мора да се вклучат одредени работи. Пред да го потпишете договорот, телефонирајте во службата Home Building Service на 1300 554 668, за да проверите дека тој ги задоволува сите потребни барања. Пред да го потпишете договорот, треба да се осигурате дека го разбирате.Откако ќе го потпишете договорот (и откако ќе дадете депозит), мора да добиете примерок од вашиот договор во рок од пет работни дена (вклучувајќи депозит).

Во Office of Fair Trading подготвуваат два различни договори со кои се опфатени сите видови на работа при изградба на куќа/стан за живеење. Тоа се:

  • Договор за изградба на куќа/стан за живеење за работа во вредност под $25,000(FT240), кој е соодветен за изведување на работа при одржување и реновирање во вредност до $25,000.
  • Договор за изградба на куќа/стан за живеење за работа во вредност над $25,000(FT240), кој е соодветен за изградба на нови домови, поголемо реновирање или доградба и за поставување на било каков нов базен за пливање.

Договорите се продаваат во Центрите за праведна трговија, во повеќето пошти и месни општини. Исто така, можете да ги купите со кредитна картичка ако телефонирате на 13 32 20 во текот на работното време.

Вратете се на почеток од страната

Осигурувањето е исто така потребно според законот

Home Warranty Insurance (Осигурување за гаранција при градење дом) ве осигурува против финансиска загуба претрпена при неисправна или недовршена градежна работа, или во случај на финансиско пропаѓање, смрт или исчезнување на изведувачот на градежни работи. Затоа, една од најважните работи што треба да ја направите кога ќе го градите или реновирате вашиот дом, ќе биде да проверите дали ѕидарот или мајсторот го имаат соодветното осигурување. Не е доволно само да го прашате лицето кое работи под договор дали има одреден вид на осигурување.

Според законот, лицето кое работи за вас под договор мора да земе гарантно осигурување за куќа/стан, ако вредноста на договорената работа изнесува над $12,000, и мора да ви даде писмен доказ (потврда за осигурување) дека го направил тоа. Тој мора да ви ја даде потврдата за осигурувањето пред да се започне со било каква работа и пред да му исплатите било каков паричен износ(вклучувајќи депозит).

Вратете се на почеток од страната

Кога работите ќе тргнат наопаку

Кога градите или реновирате, работите не се одвиваат секогаш по план.  Кога ќе забележите дека се јавил некаков проблем, веднаш треба да разговарате за тоа со вашиот ѕидар или мајстор.  Можеби се работи само за недоразбирање, кое може да се отстрани со разговорот.

После разговорот, напишете писмо до другата странка за да потврдите за што сте разговарале или да го  известите што ве загрижува во врска со работата.  Во писмото во кратки црти треба да изложите за што сте се договориле и до кога тоа треба да се направи.  Не заборавајте да чувате примерок од писмото и да го запишете датумот кога сте го испратиле.

Fair Trading нуди интервенции во Fair Trading Centres и може да им помогне на странките при спорови.Ако е соодветно, спорот може да се упати кај Building Inspector, или  странките може да се упатат како да го решат спорот на други начини, на пример, како да поднесат молба до Consumer, Trader and Tenancy Tribunal.

Building Inspector може да се сретне со клиентот и мајсторот на градилиште, да ги провери работите за кои се спорат и да им помогне да постигнат соодветен договор. Ако странките не успеат да дојдат до решение и ако се работи за неисправна или недовршена работа, тогаш Building Inspector може да издаде Rectification Order со кој од мајсторот ќе се бара да изведе одредена работа, додека клиентот ќе треба да му овозможи да го направи тоа или да задоволи некои други услови.

Персоналот во Fair Trading може да ви објасни какви права и обврски имате и да ви помогне да разберете во што е проблемот. Телефонирајте бесплатно во Telephone Interpreting Service на 13 14 50 и во службата Home Building Service, на 1300 554 668, ќе се јави преведувач во ваше име.

Вратете се на почеток од страната


Email link to this page Print this page Reduce font size Increase font size