Information on this topic also available for:
REVS - buying a used vehicle
Повеќе информации на македонски јазик
Уписната служба за возила со долг (Register of Encumbered Vehicles - REVS) нуди услуги преку Службата за праведна трговија (Office of Fair Trading) преку која можете да дознаете дали моторното возило, чамецот, приколката или караванот што размислувате да го купите се уште не е исплатен/о.
Се работи за факт. Секој еден од пет половни автомобили кои се продаваат приватно се уште не е исплатен. Ако толку немате среќа и купите таков автомобил, тогаш на крај може да ви го одземат и можеби не ќе можете да си ги вратите парите.
REVS може да го провери тоа!
REVS го презема ризикот при купување на половно возило. Само за неколку минути можете да дознаете дали половното возило, чамец, приколка или караван кој мислите да го купите се уште не е исплатен/о или дали е пријавен/о како украден/о.
REVS исто така може да ви каже дали возилото што сакате да го купите е деригистрирано заради неплатени казни или дали е пријавено во Roads and Traffic Authority (RTA) како отпишано возило.
Секогаш купувајте REVS-потврда за проверка (за мала цена) преку Интернет или телефон кога од REVS ќе ви кажат дека возилото е исплатено (дека нема долг за него). Потврдата ќе ви овозможи да бидете законски заштитени за да не може некој кредитор да ви го одземе возилото заради несиплатен долг на претходниот сопственик.
Ќе ви бидат потребни следните броеви
Пред да телефонирате во REVS ќе треба да земете неколку важни броеви.
Ако купувате автомобил или моторцикл, ќе ви треба:
- регистерскиот број
- Бројот за идентификација на возилото (Vehicle Identification Number) (VIN)) или бројот на шасијата
- бројот на моторот (обично се наоѓа на лежиштето на моторот).
За приколки или каравани доволно е да го имате VIN-бројот или бројот на шасијата и
Ако купувате чамец, ќе ви треба:
- регистерскиот број во NSW
- Бројот за идентификација на трупот од чамецот (Hull Identification Number (HIN)) кој исто така се вика Шифра на чамецот (Boatcode) (обично се наоѓа на пречката на крмата), и
- бројот на моторот.
Осигурете се дека сите броеви одговараат на податоците во документите за регистрација.
После тоа, телефонирајте во REVS
Ако можете да читате на англиски јазик, тогаш можете самите да ја направите REVS – проверката со тоа што едноставно ќе одите на Интернет страните www.revs.nsw.gov.au и ќе ги следите лесните команди. Имајте ги при рака вашите броеви за да можете да ги внесете бараните податоци.
Ако не можете да читате на англиски јазик, вие исто така можете да направите REVS – проверка ако едноставно се јавите на 13 32 20 или јавете се на 13 14 50 и побарајте преведувач на вашиот јазик. Во REVS работат лица кои зборуваат различни јазици кои се користат во заедницата.
Телефонирајте во REVS
Телефон: 13 32 20
8.30 ч. наутро – 5ч. попладне (во работни денови)
9 ч. наутро – 5 ч. попладне (за викенди и некои државни празници)

